РАДИО УРНЕБЕС

Минаа децении, се родија и преродија ново- стари генерации на слушатели на радиото, но се мислам дека пајажината на заборавот ниту со еден нејзин конец не ја допрела култната, револуционерната, во многу елементи се уште недостижна  радио -програма „Радио урнебес“. За жал, и ден- денес не постои ништо приближно или слично на недобројните македонски радија, освен некои маргинални, безначајни и неуспешни обиди да се преземе- „копира“ нешто од него.

Сосема накусо (детално во мојата студија „Радио на современата модерност“):

Идеен творец, односно осмислувач на конкретната програмска концепција (шема) и на говорната содржина (со најмногу авторски прилози) бев јас, музички водител- медијатор Драган Б. Костиќ (и двајцата едновремено водители- медијатори), а во обликувањето и реализацијата учествуваа како тонски и програмски реализатор и артист- аматер Емин Унџел, артистката Емилија Андреева и повеќемина новинари- соработници, од кои како особено активен се издвои Чеде Шопкиќ.

Во својата „оригинална верзија“ (со нејзините творци- и како уредници, и како автори на содржините и како реализатори), која се емитуваше на Втората програма на Македонското радио (сега Радио два) во периодот 1983-84 -та година, беше дефиниран (и постојано програмски богатен, надградуван) како „забавно- хумористично- сатирична, музичко- говорна и општествено- политички, културно и јавно дежурна“ програма.

Мошне значајна (и се уште ненадмината) нејзина специфика беше дизајнирањето на секој сегмент (на прилозите, водителскиот и изведувачкиот дел), притоа секогаш настојувајќи тоа да биде беспрекорно „чисто“, професионално прецизно (до совршенство) и доследно во реализацијата.

Она што го прави „Радио урнебес“ револуционерен и се уште недостижен е и промоцијата на директното, непосредното уредување, кое не значи само донесување на решенија „на самото место“. Многу повеќе значи водење на сметка за трендовската програмска динамика, а како дел од тн. „организирана спонтаност“ на една модерна- современа радио- програма.

Неретко мои пријатели и познајници ме прашуваат дали е можно возобновување на Радио урнебесот“? Секогаш им одговарам потврдно, но со една „задршка“: концепциски би можел да биде истиот (иста програмска шема, дури и без никаква промена), но под услов- и  уреднички и новинарски да се реализира врвно професионално, без ронка аматеризам и импровизација. Со оглед на актуелните состојби на тој план...

 

Разговарај со мене, веднаш, на Skype...

Разговарај со мене за моите ставови...ВЕДНАШ на Skype

Потребен е глас?


Го поседувам она што го посакуваат врвните светски радија- „од глас до стас“. Ако не си слушнал, ако не си разбрал, провери, јави се. Знам како да го искористам во секоја пригода. Докажано, слушнато, признаено, незаборав(е)но, посакувано од секој слушател во Македонија.

Сега и на твоето радио. Контактирај ме за договор.

Добивај newsletter од мене:

Дознај ги моите актуелни понуди за соработка, што е ново кај мене, што последно дознав, кој е мојот последен став. Еднаш месечно ќе добиваш преглед на информации, само ако Ти го сакаш тоа. Твојата email адреса е доволна за да комуницираме.

Име:
Email:
Код: