МЕДИЈАТОР

Под овој наслов реализирав повеќе контактно- забавни програми и емисии на Втората програма на Македонското радио- Канал 2000 (сега Радио два) и на Гром радио, а би можел да ја издвојам неделната пладневно -попладневна контактна програма (краток период- три- четири месеци редовна, а потоа повремена). Не толку поради содржината (што ја поставуваа и богатеа самите слушатели), колку поради целосното исполнување на комуникативниот „елемент“ на радиото на современата модерност, а за што (заедно со многу други „нешта“) детално пишувам во студијата „Аспекти на модерното радио- Радио на современата модерност“.

Па сепак, за мене е многу поважно дефинирањето или определувањето на улогата- функцијата на медијаторот. (Колку да се знае: јас го имам воведено во „радио профилите“, а имајќи ја предвид токму неговата улога на посредник во други сфери- политиката, економијата, културата...За жал, колку што можам да забележам, тој се уште не е прифатен, иако „спонтано“, „несвесно“ некои помлади радио- водители „џсрамежливо“ се профилираат како такви.).

Основни назнаки:

-Медијаторот и се обраќа на строго дефинирана целна група, најчесто слушатели од повозрасните категории, но не за да ја „води“, да ја „насочува“, да ја информира, едуцира итн., туку да посредува во директната- непосредната комуникација со одделни нејзини членови или со друга целна група (исто така строго дефинирана);

-Неговото присуство (на програмата, во емисијата) е ненаметливо, што е можно помалку „насочувачко“, најмалку сугестибилно, а никако не решавачко односно „завршно“ (на пример, да дава завршен заклучок или коментар од дискусијата, расправата, полемиката);

-Неговиот авторитет се наметнува со познавањето на проблемот- темата што ја поставува или ја поставува слушател, но и со медиумското-  радиското искуство (да формира- оформи медијаторска програма или емисија); доколку познавањето на проблемот- темата е дискутабилно, нужно е да повика гостин- соговорник, но притоа да води сметка тој да не биде „одговарач“ на прашања, со што медијаторот се става во инфериорна позиција, туку, со оглед на стручноста, да биде што е можно порамноправен пред се со другите учесници- слушателите;

-Медијаторот е радиоличност, а пред се личност од доверба.

Со задоволство би подготвувал- профилирал медијатори за контактни програми и емисии од различен карактер.  

 

 

Разговарај со мене, веднаш, на Skype...

Разговарај со мене за моите ставови...ВЕДНАШ на Skype

Потребен е глас?


Го поседувам она што го посакуваат врвните светски радија- „од глас до стас“. Ако не си слушнал, ако не си разбрал, провери, јави се. Знам како да го искористам во секоја пригода. Докажано, слушнато, признаено, незаборав(е)но, посакувано од секој слушател во Македонија.

Сега и на твоето радио. Контактирај ме за договор.

Добивај newsletter од мене:

Дознај ги моите актуелни понуди за соработка, што е ново кај мене, што последно дознав, кој е мојот последен став. Еднаш месечно ќе добиваш преглед на информации, само ако Ти го сакаш тоа. Твојата email адреса е доволна за да комуницираме.

Име:
Email:
Код: