|
Кој е Дедо Громче? Еден дедо кој не бил, не е и не ќе е никој и ништо, ами секогаш бил, е, и ќе биде ем нешто ем сешто од нас, пред нас и во нас. Еден дедо кој, за разлика од другите дедовци меѓу народецот наш насушен, за разлика од мајмунот кој само што не го направил последниот еволутивен чекор до човек исправен, горд, самостоен и граѓанско- индиидуално самосвесен, се слуша, се гледа, се чита, ама и за се премислува, промислува, домислува.
|