ХРОНОМЕР - ХРОНИЧАР | Љупчо Димитровски, професионален новинар
Subscribe

Новинари без заштита- убиството на Политковскаја

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Ретропис

Кога е во прашање слободата на новинарството и животната загроза на новинарот, се чини дека не постои ниту најмало безбедно место (макар агол во четири ѕида). Таа професија со децении наназад е, а судејќи според се и со децении нанапред ќе биде, една од најопасните каде и да се врши- реализира. Од неа се засегнати (загрижени, уплашени, заплашени, зависни) сите, најмногу политичарите и бизнисмените, а пред се полит- бизнис олигарсите. Кога ќе се најдат во опасност (да изгубат позиција, богатство, влијание), преземаат се што е во нивна моќ да ги замолчат таквите „шуркала“, ако треба и организиrање- плаќање на нивно убиство.

Речиси да нема година (во последниве 10- тина) да не се случат повеќе убиства на новинари кои остануваат нерасветлени (освен оние на фронтовите- загинатите „на должност“, како „колатерална штета“). Едно од најпознатите, кое се уште „се расветлува“, е убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

Прочитај го целиот став…

ФИФА го брани спортот од политиката со политика

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Петта страна на светот

Можна ли е некоја област од нашето севкупно живеење и дејствување без политика, кај нас и во светот? Не е ли самата одбрана од политиката политика? Постои една област која, ако не повеќе, барем го релативизра одговорот на овие и вакви прашања: спортот.

Не постои влијание на политиката во спортот? Тој е недопирлив за неа? Таман работа! Па уште од античко, да не речам „првобитно време“, е познато дека токму тој на најдиректен, наједнoставен, најбрз, најотворен, најтранспарентен начин афирмира држави, нивни политики, политика на владејачка партија, интерес на владејачка (бизнис) групација. Како што е познато дека во нашиве „модерни“ времиња на тој и секаков друг план најисплатлива инвестиција е токму во спортот, почнувајќи од купување на тимови (особено во фудбалот), финансирање- спонзорирање на одделни спортови и спортисти, спонзорствo- покровителство на значајни меѓународни манифестации (ефикасен маркетинг).

Прочитај го целиот став…

Манипулации со насилството врз жените во Македонија

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Eppur si muove

Отсекогаш сум бил вnимателен и резервиран кога сум промислувал за рамноправноста помеѓу половите или, можеби поточно, за нивната еманципација (и на мажот и на жената). Внимателен затоа што станува збор за мошне комплексна и чувствителна тема (цивилизациска, социо- економска, културолошка, историско- традициска итн.), а резервиран бидејќи таа е основна, темелна за разбирање и проценување- оценување на севкупниот развој на една средина, почнувајќи од семејната па се до „глобалната“ односно „меѓународната“. Имено, од неа произлегуваат многу други, таа е „стеблото“ со „подебели“ или „потенки“ гранки, како што се половата (не)рамноправност, „нежноста и грубоста“ на половите, (зло)употребата- експлоатацијата (трговија на луѓе, криминал, проституција, заразни болести итн.), (не)рамноправноста во општеството воопшто и застапеноста во власта, непримерната и, следствено, неприфатлива полова разлика во творештвото, уметноста воопшто (што е тоа „женска поезија“, „женска проза “, кои се „типично женски“ теми и сл.), се до „најдебелата“ односно најпримитивната- меѓуполовото насилство. Токму тоа „најилустративно“ говори за степенот на цивилизацискиот развој на едно општество, народ (мнозински, немнозински), држава.

Прочитај го целиот став…

Глобалната економска криза- крах на неолибералниот капитализам

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Економикс

(16.10.2008.)

На дводневниот самит во Брисел челниците на земјите од ЕУ дадоа едногласна поддршка на сеопфатниот план за спасување на банките, кој предвидува гаранција за меѓубанкарските позајмици и докапитализација на банките кои имаат потешкотии.

Според зборовите на францускиот претседател и претседавач на ЕУ, Николас Саркози, Унијата исто така сака идниот месец да се одржи светски самит на кој би се покренала реформа на глобалниот финансиски систем за во иднина да се избегнат кризите како сегашната.

Прочитај го целиот став…

Геостратешкиот интерес на Русија и Арктикот

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Извлечено-Подвлечено

(17.09.2008.)

Вознемирувачка- загрижувачка изјава на Дмитриј Медведев за оние што внимателно ги следат и анализираат геостратешките придвижувања, поместувања, преместувања, прераспоредувања итн., а кои со светската економската криза добиваат и се повеќе ќе добиваат на интензитет:

Рускиот претседател им наредил на своите службеници да подготват нацрт- закон со кој би се одредиле границите на Арктикот. Притоа не навел каде точно би требало да се наоѓаат тие, но е веќе познато дека Русија смета оти полага право на голем дел од неговата територија.

Треба да се знае дека секоја еднострана акција би го прекршила договорот помеѓу 5- те држави кои излегуваат на Арктичкото море, со кој нивните побарувања на територии ќе ги решат Обединетите нации. Меѓународниот закон одредува Канада, Русија, САД, Норвешка и Данска, дека имаат право на 320 километри долгата економска зона северно од своите граници.

„Арктикот за Русија има големо стратешко значење. Тој регион е директно поврзан со исполнувањето на долгорочните предизвици на Русија и нејзината компетитивност на глобалните пазари“, истакна Медведев.

Прочитај го целиот став…

Зад се и над се: трговијата со оружје

ноември 25, 2008 Од: Димитровски Љупчо Рубрика: Акценти

(05.08.2006.)

Една одлука на американскиот Стејт департмент актуелизира тема која само одвреме- навреме доаѓа на „дневниот ред“ на светската јавност, и тоа како најважна за геостратешките позиционирања и надмудрувања помеѓу најголемите и најсилните: санкции за 2 руски компании кои извезуваат оружје, затегнувајќи ги на тој начин односите со Москва.

Станува збор за „Рособоронекспорт“, главната компанија за извоз на руското оружје во светот, и за „Сухој“, производител на борбени авиони за различна намена.

Санкциите со одлука на американската Влада ќе траат 2 години, а се објавени и во Москва и во Вашингтон. Формално, тие се оправдани со нивната соработка со Иран и „потенцијалното ширење на оружје за масовно уништување“.

Прочитај го целиот став…